Честитки за потпишувањето на протоколот од поглаварите и претставници на верски заедници

Од:

Честитки за потпишувањето на протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и заедничка изразена верба дека тоа носи траен мир за Република Македонија и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во нашата земја, упатиле Поглаварите и претставници на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата со Заев присустувале поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, Рејз Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква во Република Македонија, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква во Република Македонија и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија.

– На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски