Пасошот и имотот на газдата на печатницата „Европа 92“ назад – бараат адвокатите по одлуката на Врховен за СЈО

Од:

Адвокатот на осомничениот директор на печаницата „Европа 92“ од Кочани, Ратко Димитровски во истрагата „Поштенска банка“ за „А1он“ потврди дека поднел барање до кривичниот суд со кое бара да му бидат укинати сите мерки кои му биле определени од кривичниот суд во оваа постапка на СЈО. Ова следува по начелното правно мислење на највисокиот суд во државата за истрагите на специјалното јавно обвинителство кои се отворени по рокот од 18 месеци.

Станува збор за одлуките за замрзнувањето на имотот и враќањето на пасошот, кои судот им ги изрече на осомничените кон крајот на минатата година на предлог на специјалното јавно обвинителство.

Се очекува тавкиот предлог да го следат и останатите осомничени. На барање на СЈО, Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на правните лица „Европа 92 ДООЕЛ Кочани“ и „НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија“ и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата за перење пари „Поштенска банка“, Ратко Димитровски и Томе Главчев.

„Поштенска банка“ е истрага која СЈО ја отвори на 13 октомври лани, а опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело. Со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Според СЈО, од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

 

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Му „пукнал филмот“ додека чекал за пасош – жител на Табановце нападнал вработен во пасошко во Куманово

Анита Петровска Рајковиќ

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Османи фотографира за лични документи во конзулатот во Бон

А1он