Заев: Ова е голем историски ден, обезбедивме трајна стабилност за земјата

Од:

Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста Алијанса.

Ова на својот „Фејсбук“ профил го напиша премиерот Зоран Заев по потпишувањето во Брисел на Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

„Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди’, напиша премиерот Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Би можело да ве интересира

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО

Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“