Средба Вељаноски – Ховит

Од:

Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит, кој ја предводи делегацијата на Поткомитетот за човекови права во Европскиот Парламент, денеска имаше средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со членовите на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот. Ховит и неговите колеги ја посетија пленараната сала каде се случија дел од настаните на 24 декември, иако европратеникот нагласи дека неговата примарна цел не се овие настани кои, како што рече, фрлаат сенка на Парламентот.

– Бев во Парламентот и покрај фактот што една од партиите не е овде. Важно е што бев во просториите каде што се случиле настаните на 24 декември. Ситуацијата е многу сериозна и тешка за земјата и за иднината на земјата во Европа. Но за тоа ќе кажам многу повеќе утре, прво ќе се сретнам со претставници на сите партии, изјави европратеникот Ховит по посетата на салата за седници во Парламентот.

Претходно на средбата со Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот тој побара од пратениците да реферираат за работата на ова тело и да зборуваат за состојбата со човековите права во земјата, и рече дека тој своите ставови ќе ги изнесе на утрешната прес-конференција.

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и за настаните од 24 декемви да се расправа токму на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот.

– Еден од главните предизвици пред нас во периодот што доаѓа треба да биде разгледување на прашањата поврзани со човековите слободи и права и кршењето на Уставот на Република Македонија, кој што е основ за напуштање на неколку политички партии од опозицијата на Собранието.

– И ние како владејачко мнозинство сметаме дека беше оневозможено нашето право како пратеници да ги претставуваме нашите гласачи да дојдеме до нашите работни места, да ни се отвори салата да влеземе во пленарната сала, не се дозволуваше да почне работата на Законодавно-правната комисија“, изјави Бонева.

Смета дека е потребна дебата за да се расчистат проблемите.

– Ние сакаме опозицијата под итно да се врати во Собранието, раката е подадена, рече таа.

Бонева исто така ја поддржа и иницијативата на претседателот Ѓорги Иванов за формаиње комисија, кој би можела да ги утврди фактите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет