Владата ја одржа 118-тата седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска на својата 118-та седница  ја разгледа и усвои Информацијата со мерки за подобрување на деловното окружување согласно препораките на извештајот „Doing Business 2019‘‘ на Светска банка, со препораки до надлежните институции во наредниот период да спроведат мерки и реформи кои ќе придонесат за задржување на рангот кај индикаторите каде Македонија е високо рангирана, како и мерки за подобрување на рангот кај останатите индикатори, како особено значајни за привлекување на странските инвеститори како еден од врвните приоритети на Владата за оваа година.

На денешната седница Владата го утврди најновиот текст на Предлог-законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Со донесување на предлог законот ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ќе се овозможи транспарентност во врска со содржината на договорот кој треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб-страница на откупувачот, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.

На предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата денеска ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина.

Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација.

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за мерките за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), за да се обезбеди поттикнување на инвестиции за оптимално искористување на расположливиот потенцијал на ОИЕ во Република Македонија и постигнување на националните задолжителни цели за учество на ОИЕ во вкупната потрошувачка.

Исто така, е донесена и Програмата за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019.

Владата на денешнта седница го разгледа и усвои Предлогот на Националната програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, и донесе одлука согласно член 26 став 2 од Законот за железничкиот систем да се достави до Собранието на Република Македонија на донесување.

Во Националната програма за железничката инфраструктура за период од 2019 до 2021 година опфатени се проекти кои се однесуваат на изградбата на Коридорот 8, делот накај Република Бугарија, односно во овој период се планира да завршат градежните активности на делницата од Куманово до Бељаковце, да започне градбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како и активностите за реализација на работите на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија. Во овој период, се планира да се изработи и пред-физибилити студија за железничката делница од Скопје до Кичево, а во однос на Коридорот 10 се планира да се комплетира ремонтот и на последната делница од Ногавци до Неготино и да се подготви документација на инсталирање на Европскиот систем за контрола на возовите ниво 1 (ETCS –level 1) и подобрување на сигнализацијата на целата мрежа во Република Македонија и инсталирање на глобален систем за мобилна комуникација во железница (GSM-R), како и да се изврши набавка и инсталација на сигнализација за патни премини по должина на Коридор 10, Коридор 10 д и Коридор 8.

На оваа своја седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна, и го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата на Република Македонија да достави Предлог закон за донирање на вишокот на храна, во рок од шест месеци.

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за потребата од потпишување на Договор за користење на софтвер за воздушно набљудување (MASE) меѓу Република Македонија и Агенцијата на НАТО за комуникации и информации, како дел од усогласувањето на воено-безбедносните стандарди на Република Македонија со оние на алијансата.

Денеска Владата ја разгледа и усвои Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје 2017-2021, и го разгледа и прифати Акциониот план за 2017-2021, со што ја потврди заложбата да врши превенција, контрола и искоренување на пролиферацијата на нелегалното оружје во согласност со регионалните и меѓународните иницијативи, стандарди и документи за контрола на оружјето, муницијата и експлозивните материи, согласно принципите за Заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Европската унија и активностите на НАТО.

Владата на РМ денеска му даде одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на повеќе Јавни здравствени установи во земјата.

Би можело да ве интересира

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

A1on

Заедничката седница на македонската и косовската влада ќе се одржи на 25 јануари во Скопје

Жарко Настоски

Владата го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата

А1он

ДУИ даде зелено светло за СЈО, ќе се убедуваат ВМРО-ДПМНЕ, независните и помалите албански партии

Сандра Бошковска

Закони од безбедноста, надворешната политика и царината на дневен ред на владината седница

Владата нема да дава мислење за законот за пазари, бидејќи е пролонгирана неговата примена