Речиси една година Судскиот совет не може да донесе конечна одлука дали има нестручно и несовесно постапување на судиите на Врховниот суд кои му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан по барањето за заштита на законитоста кое го поднесе ненадлежно јавно обвинителство.
Од Судскиот совет не одоворија конкретно на ниедно прашање на „Макфакс“ до каде е постапката, туку го исцитираа Законот и уште еднаш потврдија дека постапката e во тек: „Комисијата има закажано расправи и постапката за утврдување на одговорност е во тек“.
Шефот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, заедно со судиите Рахилка Стојковска и Ристо Катевеновски гласаа за Кочан да биде ослободен, додека Џемаили Саити и Фаик Аслани беа против.
Овие судии неколкупати беа повикувани во Советот, но одлука дали постапиле незаконски нема. Со изборот на новите членови на Судскиот совет, се доведоа во прашање и комисиите кои беа формирани токму за таа намена, бидејќи старите членови се заменети со нови.
Сеад Кочан повеќе од два месеца беше недостапен за органите на прогнот. Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено од тогашниот јавен обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. Советот за факти пред да биде укинат ја отвори постапката за случајот со притворот на бизнисменот Сеад Кочан по иницијатива на „Зелена лупа“.
Оваа петорка судии одлучуваа и за притворите на двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција и се недостапни за правдата.
СЈО во специјален извештај го посочи претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на соговорници им изнесувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.
Васко Маглешов