По алармот од градскиот инспектор и градоначалникот на Град Скопје за загадувањето од болницата Чаир поради греење со мазут, има најава од Министерството за здравство дека ќе го решат проблемот и тоа го поздравуваме, велат од ДОМ.
ДОМ потсетува дека многу јавни установи како што е болницата Чаир (други болници, училишта, градинки) може итно да се решат со Програмата за воздух при Министерството за животна средина. Замената на горивата и горилниците во јавни установи беа, впрочем, и најавени како дел од целите на оние 2 милиони евра. Затоа не треба да се чека следната зима, туку да се делува веднаш за намалување на загадувањето!
Во случаи како што е сегашново аерозагадување, Министерството за животна средина може да ги примени одредбите за „крајна итност“, од членот 55 од неодамна донесениот Закон за јавни набавки и веднаш да пристапи кон реализација, се вели во соопштението на ДОМ.