Гутереш: ОН ќе останат неутрални во врска со Венецуела

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека светската организација нема да учествува во ниту една инцијатива на групите што се формираат во врска со решавањето на кризата во Венецуела, за да ја зачува неутралноста и кредибилитетот како организација која може да им помогне на сите сите страни во изнаоѓање решение.

Гутереш со ова објасни зошто претставници на ОН нема да учествуваат на состанокот на Групата од Лима во Отава.

На тој состанок ќе се разговара за тоа како да им се помогне на луѓето во Венецуела, вклучувајќи и испраќање директна хуманитарна помош, соопшти кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Групата од Лима во август 2017 година ја формираа 12 земји од Северна и Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај и Перу.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот