Делегација на ЕБОР во четиридневна посета на Македонија

Од:

Делегација од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од денеска до петок ќе престојува во посета на Македонија каде ќе оствари средби со владини претставници, бизнис лидери и граѓански организации.

Посетата се реализира како подготвителна активност за стратегијата на ЕБОР за Македонија за периодот од 2019-2023 година, а целта е да се договорат приоритетите на македонската Влада и да се идентификуваат клучните области каде ЕБОР може да се ангажира за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.

Делегацијата ќе ја предводи директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и Ерменија, Франс Викерс.

Предвидени се средби со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, претставници од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и со гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежовска. Делегацијата од ЕБОР ќе оствари средби и со меѓународни финансиски организации, Европската унија, комерцијалните банки, компании од енергетиката во државна сопственост и со претставници од граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор.

Посетата на Скопје доаѓа последователно по средбите на делегацијата во Косово.

ЕБОР има инвестирано над 1.8 милијарди евра во 113 проекти во Македонија,фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската Инвестициона Банка. Од ЕБОР најавуваат и одржување на Трет инвестициски самит за Западен Балкан на кој ќе присуствуваат шест премиери од регионот. Годинава, Годишното собрание на ЕБОР ќе се одржи во Сараево на 8 и 9 мај.

Би можело да ве интересира

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

A1on

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти