Трета жртва на грипот во Албанија

Од:

Грипот, кој во Албанија добива се пошироки размери, ја однесе и третата жртва.

Станува збор за 37-годишен маж од градот Грамш, но се уште не е потврдено дали тој починал како последица на сезонски или на т.н. свински грип, од кој претходно починаа двајца мажи од Елбасан.

Двајцата мажи од Елбасан во Инфективната клиника во Тирана биле донесени во средата во тешка здравствена состојба, по што во петокот почина едниот од нив, на возраст од 41 година, додека вчера како последица на грипот почина и неговиот 46-годишен сограѓанин.

Според докторката од албанскиот Институт за јавно здравје, Силва Бино само минатата недела во Албанија биле регистрирани нови 19.000 случаи на заболени од грип.

„Бројот на заболени од грип расте. Сепак нема место за паника. Состојбата е речиси идентична како и во земјите во регионот, Италија, Македонја, Црна Гора, па и цела Европа. Препорачувам да се вакцинираат хроничните болни и лицата со ослабен имунитет и со зголемена телесна тежина“, изјави Бино.

Иститутот, според неа, обезбедил 100.000 вакцини против грип, од кои половина се донација од американска агенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“