А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Во Собранието почна процедурата за одземање на имунитетот на Димовски

by А1он04/02/2019 - 16:3504/02/2019 - 17:53345
Share0

Во Собранието започна процедурата за одобрување на барањето на судот за притвор на пратеникот, Љупчо Димовски.

Добивај вести на вибер

Судот поднел барање до претседателот на Собранието, да се отпочне процедура за одземање на имунитетот на пратеникот за да може да се постапува понатаму во постапката.

Комисијата за мандатно имунитетни прашања го разгледала барањето и со пет гласа „за“ и четири „против“ дала зелено светло за одобрување на истото, односно одземање на имунитетот, информраше пред пратениците претседателот на комисјата, Павле Богоевски.

„Сакам да изнесам дека не е точно она што го вели опозицијата, дека Собранието врши политички прогон. Собранието согласно своите деловнички процедури треба да му овозможи на судот непречено да ја врши својата работа, а ние како пратеници ако сме гласале ‘за’, не значи дека колегата е виновен, ниту пак дека не е виновен. Да внимаваме на пресумцијата на невниност. Да оставиме судот да одлучи согласно законот. До сега немало случај Собранието да го штити имунитетот на било кој пратеник и да го попречи судот да ја докаже вистината“, истакна Богоевски.

По излегувањето на Богоевски, Џефери ја прекина седницата и кажа дека истата ќе се презакаже. За збор се јавија десетина пратеници да расправаат за имунитетот на пратеникот, а согласно со процедурите, во рок од три дена парламентот треба да донесе одлука за одземање имунитетот.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

 

Габриела Димковиќ-Мишевска

 

ljupco dimovskisobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен