СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради изборниот пораз кој ќе го доживее

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални
причини.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството
во НАТО. Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче
во ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај
граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.

Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.
Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на
криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за
изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.

Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на
ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат
фер, слободни и демократски“, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?