ДОМ: Хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје од УНЕСКО

Од:

ДОМ им укажува на сите институции и субјекти кои на каков и да е начин се инволвирани во урбанистичкото насилство во Лагадин, дека хотелот што се гради таму е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО!

„Изградбата на тој објект е скандалозна од самиот почеток во 2016 година, кога почна да се гради спротивно на законските прописи, поради што беше причина за бројни протести на граѓаните. Имено, хотелот се наоѓа во заштитените 50 метри до брегот на езерото каде не е дозволена цврста градба. Изградбата на овој објект прави непристоен преседан во исполнувањето на препораките на УНЕСКО што се однесуваат на времен МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА во Охридскиот регион, заради заштита на природното и културното наследство на регионот“, велат од ДОМ.

„Исполнување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, со посебен акцент на препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион, се до донесување на потребните планови, е и еден од заклучоците на одржаната собраниска Надзорна расправа во врска со управувањето со Охридскиот регион. Расправата ја организираше Комисијата за култура на иницијатива на неформалната група” Пратеници пријатели на УНЕСКО” чиј координатор е пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on