Туристичката организација во Куба соопшти дека островот во 2016 година бил домаќин на 4,74 милиони туристи, а за 2019 година се ппроценува дека оваа бројка ќе надмине пет милиони.
Според Мигел Гибсон, сопственикот на туристичката агенција „CubaDirect“ се очекува 2019 година да биде најважната година за Куба кога е во прашање туризмот, особено поради падот на цените.
„Куба ја има енергијата на Карибите, Латинска Америка, Африка и Европа – во исто време е капиталистичка и социјалистичка, безбедна, хаотична, но убава – нема место како Куба”, вели тој.
Она што ги привлекува туристите е и ниската стапка на криминал. Исто така, тука е и топлото добредојде и расположението на Кубанците, додава тој.