Во Пустец, Мала Преспа денеска беше одржана манифестацијата „Фестивал на зимата 2019“,со која официјално се означува почетокот на низата манифестации и одбележување прзници, за оваа календарска година.
На манифестацијата, која веќе е традицонална, се презентираат не само природните убавини на оваа област распослана на Преспанско Езеро,туку и културните и кулинарскивредности. Исто така на штандови беа петставени и виното,медот и другите произоди на вредните раце на Македонците.
Пред присутните се обрати албанскиот министер за туризам и жвотна средна, Бенди Кљоси, кој порача ваквите манифестации да се одржуваат и во екот на туристичката сезона, кога тука доаѓаат голем број странски туристи.
– Ние сме тука во Преспа за да дадеме подршка за локалните манифестации.Со нивна реализација не само што се негува традицијата туку се значаен придонес во развој на турзмот,во оваа преубава област.Тоа ќе услови поголем развој и економско зајакнување на општина Пустец, нови вработувања, подобар живот за сите, рече Кљоси.
Големиот број Македонци жители на областа и поранешни жители кои тука беа дојдени по повод оваа манфестација другите гости, ги поздрави и добредојде им посака градоначалникот на Пустец,Едмонд Темелко.
– Манифестацијата „Фестивал на зимата“, сега веќе традицонална, се надевам дека ќе продолжи во иднина, се разбира со поддршка на локалната власт и Владата. Целта е да се промовираат природните убавини со кои изобилува Мала Преспа, културните и другите вредности на нејзините жители, рече Темелко.
На плоштадот „Гоце Делев“ се разви и македонско оро и се пееја македонски песни.
„Фествалот на зимата 2019“ се оджува во рамки на проект за промоција и заштита на биосферата на подрачјето на Преспа, што го спроведува албанската Влада, со подршка на германската влада.