Комисијата изгласа препорака за одземање на имунитетот на Димовски

Од:

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со 5 гласа „за“ и 4 „против“ донесе одлука со препорака за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, по барањето поднесено од скопскиот Кривичен суд. По ова, ќе следи гласање на седница во Собранието, каде за му биде одземен имунитетот потребно е да гласаат мнозинството од вкупниот број на пратеници, односно 61 пратеник.

Во Собранието се отвори дебата пред гласањето, каде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека укинувањето на имунитетот на Димовски, ќе биде негова неможност да се брани за слобода. Спротивно на тоа, пратеникот Павле Богоевски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека тие стојат на патот за Димовски да ја докаже невиноста.

Димовски, заедно со поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластувања. Тие се товарат дека предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот со доделувањето на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште.

Вчера попладне од Кривичниот суд информираа дека Цветков и Делев добиле триесетдневен притвор. На поранешниот министер Ацо Спасеновски заради здравствени проблеми му беше определена мерката куќен притвор. Одлука за Димовски не беше донесена бидејќи тој се повика на пратеничкиот имунитет.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште