ЈП „Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење на градот

Од:

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје соопшти дека во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, започнале масовна акција за чистење, што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.

Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови, како што посочуваат, денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.

Генерално чистење се одвива и во реонот на Железничката станица и Транспортниот центар, додека изутринава се изврши и рачно миење со автоцистерна на плоштадот Македонија, каде што беше комплетно исчистен теренот по дислоцирањето на лизгалиштето. Акцијата се реализира со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на викендот и претстојната недела, информираат од КП „Комунална хигиена“.

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите