ВИДЕО: Успешно завршена обука на институции надлежни во справување со пожари

Од:

Вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, територијалните противпожарни единици, Основното јавно обвинителство и Основниот суд-Скопје учествуваа во еднонеделната обука „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело“, што се одржа во организација на ДЗС, МВР и француската Амбасада.

Француски обучувачи ја спроведуваа обуката на вработените во институциите, кои имаат одредена надлежност во справувањето со пожарите, а тие денеска на свеченото одбележување на завршувањето на обуката во Центарот за обука во Идризово добија сертификати.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека оваа обука, која е прв вид на билатерална соработка со Франција во сферата за цивилната заштита, всушност ги обединува институциите надлежни за пожарите во точката во која треба да ги дадат клучните одговори, односно целосно да се заокружи процесот на детектирање на одговорноста – дали пожарот е несреќен случај или е кривично дело.

-Иако појавата на пожари во помасовен обем е карактеристична за летниот период и во овој период се евидентираат, тие предизвикуваат значителна материјална штета, а неретко и човечки жртви. Во оваа сфера постои потреба од поефикасно превентивно дејствување, но во уште поголема мера ја наметнува и потребата од брза ефикасна и квалитетна истрага за причините кои доведуваат до таквите појави, што бара стручно и професионално надградување на кадрите на институциите надлежни за справување со пожарите, нагласи Спасовски во обраќањето пред присутните.

Директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски истакна дека со оваа обука се потврдува важноста на зајакнување на меѓуинстититуционалната соработка и во овој системот за заштита и спасување во РМ.

Истакна дека ДЗС високо на агендата на своите приоритети ги има современите трендови во цивилната заштита, што е неминовен сегмент во целиот процес на евроинтеграција.

Џаферовски додаде дека обуката е реализирана преку членството на Македонија во механизмот за цивилна заштита во ЕУ, но и преку регионалните иницијативи и билатерлната соработка.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние истакна дека за Франција е мошне важно да се запознае со македонскиот систем на заштита и спасување со цел да се зајакне соработката во оваа сфера и во билатералните односи и во рамки на ЕУ.

-Системот на цивилна заштита е една мошне важна сфера, со него се покажува ефикасноста на целата држава и нејзиниот систем пред граѓаните. Пожарите се се почеста појава и со промените на климатските услови цивилната заштита се наоѓа пред големи предизвици и затоа е важно да работи со полна пареа, рече Тимоние.

Додаде дека взаемната координација на надлежните институции е магичниот клуч, кој овозможува работите непречено да се одвиваат во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски