Зголемен е водостојот на Дојранското Езеро, на Вардар кај Јегуновце, Велес и кај Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска бања и на Брегалница кај Штип во однос на просекот за февруари, покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР).
Пониско ниво на водостојот од февруарскиот просек имаат Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци.