ВМРО-ДПМНЕ: Зоране собери храброст, излези на предвремени избори

Од:

„Додека Заев се фали по странски телевизии дека наводно ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, дома бега од предвремени избори.

Заев бега од гневот на граѓаните, поради понижувањата кој им ги сервираше, поради името кое го промени, а се колнеше во своите деца и предци дека не ни помислува на таков чекор. Бега бидејќи на 20-тина страни хартија се откажа од се што е македонско, од македонското, име, јазик, идентитет, историја.

Заев на граѓаните не им ја отуѓи само историјата туку и иднината. ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти, власта секојдневно ги задолжува граѓаните, а нашата држава е на граница на должничко ропство. Поразителен е и фактот дека повеќе од 80 проценти од младите во Македонија би сакале да ја напуштат државата и да заминат во туѓина.

Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. До тој степен македонското општество е поделено што ниту владините коалициони партнери на прес конференции не се разбираат помеѓу себе. Оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци на кој Заев им ветуваше живот, 500 евра плата и враќање на младите назад во државата, сега бараат остварување на овие ветувања. Наместо двојазичност граѓаните од сите етникуми го бараат ветениот живот.

На пазарџиите, пензионерите, младите, земојделците како и на сите граѓани во Македонија им е доста од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев. Граѓаните сакаат да стават крај на црнилата. Ајде Зоране собери храброст, излези и соочи се со македонските граѓани, излези на предвремени избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање