АД ЕЛЕМ: Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

Од:

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола.

Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка на блокот, отстранување на помали дефекти кои се детектирани, како и за зајакнување на неговата оперативност, информираат од АД ЕЛЕМ.

Планираната проверка и техничка нега на блокот ќе траат 8-10 дена, што било овозможено од подобрените временски услови и порастот на температурите, со што била намалена и потрошувачката на електрична енергија за грејни потреби.

Производството на АД ЕЛЕМ ќе продолжи непречено преку другите два блока во РЕК Битола, хидроелектраните и акумулациите кои се на оптимално ниво во моментов, Ветерниот парк Богданци, како и термоелектраната Осломеј која во секој момент е подготвена да се вклучи според производствените потреби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување

ЕСМ: Саботажа во РЕК Битола, исклучен е Термоблокот 2, известена е криминалистичката полиција

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски