Европскиот парламент го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Од:

Европскиот парламент усвои резолуција со која го признава Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата е поднесена од страна на Европската народна партија (ЕПП) и со неа се повикуваат земјите членки на ЕУ и другите институции на Унијата да го сторат истото, сѐ додека не се одржат фер и транспарентни избори во Венецуела.

– Од Европа можеме да помогнеме да се смени режимот во Венецуела, оние кои протестираат во Венецуела не се Европејци, но се борат за истите вредности за кои и ние се бориме, рече потпретседателот на ЕПП, Естебан Гонзалес Понс.

Европскиот парламент со ова станува првата ЕУ институција која го признава Гуаидо како легитимен претседател.

– ЕП сега очекува од другите институции во ЕУ да заземат „едногласна и силна“ позиција по ова прашање, порача претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, по гласањето.

Резолуцијата е усвоена со 439 гласа „за“, 104 „против“ и 88 „воздржани“.

Би можело да ве интересира

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро