Алијанса за Албанците: ДУИ да го прифати и предизвикот за предвремени парламентарни избори

Од:

Алијансата за Албанците ја поздравува одлуката на ДУИ да се натпреварува со свој кандидат на претстојните претседателски избори. Од таму велат дека посакуваат кандидатот за претседател од редовите на ДУИ да биде Албанец.

„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат, денес со СДСМ, вчера со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Алијансата за Албанците.

Од таму додаваат дека се надеваат дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села упатен јавно преку медиумите, за соочување со ДУИ.

„Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот, т.е. распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските“, велат од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата