Адеми ја пушти во употреба спортската сала во село Камењане

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала на ОУ „Сабедин Бајрами“ во селото Камењане во општина Боговиње.

Од Министерството за образование и наука соопштија дека со оваа инвестиција во вредност од околу 39 милиони денари, училиштето за прв пат добива спортска сала која, како што посочил Адеми, ќе понуди современи услови за реализација на часовите по спорт и спортски активности, но и за рекреација после часовите.

– Спортувањето, освен придонес кон доброто здравје и развојот на младината, придонесува и за избегнување на пороците кои секојдневно се надвиснуваат врз нашите деца. Еден час спортување придонесува за подобар социјален живот, отколку еден час примена на смарт телефоните, истакнал министерот Адеми.

Тој посочил дека оваа инвестиција ќе биде искористена на најдобар можен начин и дека заинтересираните ќе бараат термин повеќе за спортување и другарување. Министерот за образование, исто така, најавил дека покрај новата спортската сала во ОУ „Сабедин Бајрами”, МОН инвестирал речиси шест милиони денари за реконструкција на подовите преку Програмата за обнова и реконструкција на основните и средните училишта. Инаку, спортската сала од 1.300 квадратни метри е опремена со сите реквизити за различни дисциплини како ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, пинг-понг и гиманстика.

– Нашите деца заслужуваат многу повеќе, но не можеме се преку ноќ да смениме. МОН вложува огромни напори и средства за подобрување на условите во кои учат учениците од сите општини. Свесни сме дека треба уште многу да инвестираме, за да ги приближиме македонските училишта со училиштата од развиените земји, рекол Адеми.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови