(ВИДЕО) Астеруд: Силјановска е независен, но ќе ја поддржам и како партиски кандидат

Од:

Ја поддржувам Силјановска како натпартиски, но и како партиски канидат за претседател, на државата ѝ требаат кочница и рамнотежа, вели проф. Каролина Ристова-Астеруд во интервју за „Макфакс“. Таа е една од потписниците на иницијативата за поддршка на Силјановска за претседателски кандидат и вели дека својот потпис го дала бидејќи станува збор за независна партиска личност која во минатото и соработувала, а и ги критикувала политиките на сите власти.

„По сите случувања со преспанскиот договор, и јас би рекла (не)Законот за јазиците, добро е во институцијата шеф на државата да имаме личност како неа, дури и не е лошо да биде со опозициска поддршка, во смисла на партиска, и на тој начин да обезбедиме поголема рамнотежа и кочници во реперирање на политичката власт“, вели Астеруд.

Во однос на прашањето дали се повторува како испробан рецепт канидидрањето професор со поддршка од академската фела, како што беше случајот со Иванов во 2009 и 2014 година, кога и самата Силјановска го поддржа, Астеруд вели дека тоа не е табу-тема. Објаснува дека партиите најчесто се демонизираат и луѓето се плашат од партиски етикети, па ова, според неа, е поелегантна формула за да не се влезе во претседателката трка како независен кандидат.

„Луѓето од академската средина се плашат од етикети и ова е еден вид поелегантна формула, каде што практично луѓе надвор од партиите би поттикнале таква кандидатура, а потоа евентуално, а и секогаш во политичката реалност, изборите мора да ги тера и партиска логистика бидејќи е тешко да се оди како независен кандидат, осоебно на претседателски избори“, додава Астеруд.

Астеруд се противи и на идејата шефот на државата да се избира во Собранието, а зборува и за подготвеноста на македонското општество да избере жена за претседател.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on