(ВИДЕО) Арсовски: Скандалот со ПИОМ мора да има разрешница

Од:

„Кој ќе сноси одговорност за скандалот со ПИОМ? Дали Мила Царовска или директорот на ПИОМ Шаип Зењели?

СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција.

Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра“, прашува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? Или, според нас најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ Мила Царовска.

Дали Царовска се обиде да ги прелаже пензионерите за својот неуспех како министер и вината да ја префрли кај коалициониот партнер од владата ДУИ и кај нивниот директор поставен Шаип Зењели?

Ова е голем скандал за кој е одговорна директно владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд?

Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ кој го обзнани Царовска и кој во моментов е актуелен мора да има завршница и некој од надлежните мора да сноси одговорност. Или Царовска или директорот Зењели.

Во обид да привлечат ситни политички поени и да си ја прикријат својата неспособноста, СДСМ и ДУИ сега треба да испорачаат оставки на Царовска и Зењели и потоа да се реши случајот и да се обзнани кој од нив двајцата е виновен за овој скандал.

Е заради сите овие вакви афери и криминалии на власта, треба да има предвремени парламентарни избори на кои што конечно оваа криминална, транзициона влада ќе падне и ќе замине во историјата, а сите предизвикувачи на криминал ќе заминат во затвор каде што им е местото“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Полугодипшниот извештај за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2025 година

Горан Наумовски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ