Јавниот обвинител на Венецуела, Вилијам Саб побара денеска на опозицискиот лидер, кој се самопрогласи за времен претседател, Хуан Гуаидо да му се забрани излез од земјата врз основа на кривичната истрага за неговите антивладини активности.
Обвинителот го поднесе денеска тоа барање до Врховниот суд во земјата.
Саб, исто така, побарал од судот да ги блокира финансиските сметки на Гуаидо. Јавниот обвинител не откри за какви кривични дела станува збор во истрагата против Гуаидо, но истакна дека е во врска со немирите кои започнаасо неговата одлука за сопствено прогласување за времен претседател минатата недела, со што директно го нарушил авторитетот на шефот на државата Николас Мадуро.
Барањето на јавниот обвинител се случува откако претходно САД му дозволија на Гуаидо да располага со банкарските сметки на Венецуела чија Влада ги има во било која од американските банки.