(ВИДЕО) Прентовиќ: Со измените на Законот за земјоделство, субвенции ќе добиваат и тутунарите кои имаат долгови

Од:

„На предлог на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера почна постапката за измена на на Законот за земјоделство и рурален развој со која се олеснува пристапот до субвенции на илјадници тутунопроизводители кои имаат долгови кон Управата за јавни приходи.

Со измената, овозможуваме и оние тутунопроизводители кои имаат неподмирени обврски кон УЈП, да можат да добијат субвенции за нивното производство“, рече Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Обезбедуваме континуитет во производството на тутун и им олеснуваме на земјоделците.

За годинава, исплатата на субвенции за тутун ќе почне веднаш по завршување на откупот на тутунот, а оваа година, исто како и минатата тутунопроизводителите ќе добијат зголемени субвенции на три нивоа.
Станува збор за околу 21.000 тутунопроизводители и 90.000 земјоделци кои аплицирале за субвенции.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат развој на земјоделството, зголемени и навремени субвенции и повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците“, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он