ЕК: Сексуалната ориентација треба да биде вклучена во законот против дискриминација

Од:

Во изјава за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич потврди дека сексуалната ориентација треба да биде вклучена како основа во законот за анти-дискриминација, јави дописничката на МИА од Брисел.

По дебатите во јавноста и критиките на граѓанскиот сектор за ставот на повеќе политички партии дека вклучувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа во законот за администрација е спорно, Европската Комисија потсетува дека ова е обврска на патот кон ЕУ.

-Нашата позиција е јасна: нацрт законот за спречување и заштита против дискриминација го подобрува усогласувањето со европските стандарди и ЕУ законодавството, ова треба да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, изјави Коцијанчич.

Од Европската Комисија упатуваат и на последниот извештај за Македонија во овој дел, јаде се вели дека е од “суштинско“ значење да бидат вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација и нацртот да биде изменет во согласност со мислењето на Венецијанската Комисија“.

Понатаму извештајот на ЕК истакнува и дека „промените ќе треба да се рефлектираат и во други закони, вклучително и кривичниот законик“.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска