Во Охрид со сирени и свирежи „поздравен“ Груевски

Од:

Здружената опозиција попладнево организираше протестен марш со автомобили низ охридските улици и Граѓански парламент кој се одржа пред трговскиот центар „Трудбеник“.

Стотина автомобили со државни и партиски знамиња и вклучени сирени и цвирежи го „поздравија“ доаѓањето на премиерот Никола Груевски кој во Охрид присуствува на промоцијата на изборната програма на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

На Граѓански парламент, со свое излагање против уништувањето на демократијата и апсолутистичкото владеење на актуелната власт се обрати актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

„Останува во наредниов краток период да се подготвиме, да бидеме спремни. Целиот овој труд многу не чини и вас и нас. Нашата машинерија е веќе тргната. Цело време работиме на подигање на рејтингот на партијата. Имаме силна коалиција. Имаме 10 илјади гласови повеќе од власта. Затоа Груевски бега од парламентарни избори.“ рече Петрески.

Пратеникот Митре Вељаноски истакна дека со земјата владеат неодговорни луѓе кои не го почитуваат ниту законот ниту уставниот поредок.

„Ова не е едноумие, туку мафијашко владеење. Ова е борба за уставниот поредок, демократијата и слободата во земјава.“ рече Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?