Нападнати и претепани полицајци во Шуто Оризари

Од:

Двајца полицајци, кој во моментот не биле на работна обврска, попладнево биле претепани во населбата Шуто Оризари, откако граѓаните мислеле дека се таму за да киднапираат девојка.

Граѓаните кои мислеле дека полицајците се таму да киднапираат девојка ги нападнале и претепале, а и комплетно го демолирале нивното возило.

Од министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот и кажаа дека било пријавено оти малолетничка, наводно, видела непознати лица како насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор.

Тоа му го пренела на повозрасен маж, кој пријавил во полиција, по што се собрала поголема група на граѓани. Тие ги нападнале полицајците, кои во тој момент не биле на работа.

Повредените полицајци се во болница на укажување на лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски