Предложени законски измени за укинување на пратеничката плата на Груевски

Од:

Пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Мухамед Зеќири од СДСМ, Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Реџеп Мемеди од БЕСА и Реџеил Исмаили од ДУИ до Собранието доставија предлог за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Предлог законот за дополнување на Законот за пратениците, по скратена постапка е 27 точка на денешната собраниска седница.

Доколку се изгласа предлогот на шестмината пратеници, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза