Приведени 26 странски државјанки во угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Од:

Во периодот од 22 часот вчера до 4 часот утринава при акциска контрола на полицијата приведени се 26 женски лица на возраст од 20 до 46 години, затекнати во пет угостителски објекти во Тетово и Гостивар.

Како што соопшти МВР, при контролата во угостителските објекти биле затекнати 39 женски лица, од кои 13 од Македонија, а 26 биле странски државјанки. Од нив 11 биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија, и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.

Акцијата ја спровеле полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единици во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Трагедија во Гостивар: Почина девојче откако падна од лулашка

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица