Мицкоски го честиташе празникот Свети Сава на припадниците на српската заедница

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со писмено соопштение го честиташе празникот Свети Сава на сите припадници од српската заедница во Република Македонија.

„Ми претставува чест и задоволство на сите припадници на српската заедница во Република Македонија од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам големиот празник Свети Сава и да Ви посакам здравје, мир, радост и благосостојба.

Одбележување на Свети Сава значи почитување на неговото дело и мисла како трајни вредности давајќи ни пример на сите кои живеат во овие простори.

Со празнување на овој ден ние ги потврдуваме нашите заложби за меѓусебно зближување и почитување.

Со овој ден ние го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Како одговорни и свесни граѓани на своите држави, но и како доследни припадници на своите народи, двете заедници даваат пример како треба да се гради довербата.

Денес реалноста е дека Србите од Македонија ја делат истата судбина како и останатите граѓани. Тежок живот, сиромаштија, обиди да се разединиме, притисоци. Безперспективноста и сиромаштијата силно ги разјадува темелите на нашето општество, ја ускратува иднината на многумина. Одземената иднина преставува трајна штета за сите. Затоа се потребни промени кои ќе донесат кохезија, иднина и сигурност.

Заеднички да работиме во градењето на просперитетна иднина за сегашните и идните генерации, како и за напредок на просперитетна и достоинствена Република Македонија.

Нека е честит големиот празник“ се вели во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме