Пропадна трансферот на Лукаку во Њукасл

Од:

Трансферот на братот на Ромелу Лукаку – Џордан – во Њукасл пропадна во последната секунда. Тој ги помина медицинските тестови, но откако излегоа резултатите од нив, „страчките“ одлучија да не потпишуваат договор со него.

Англискиот клуб сакаше да го позајми белгискиот репрезентативец до крајот на сезоната од неговиот сегашен клуб Лацио. Тој настапува како лев краен дефанзивец, а менаџерот Рафаел Бенитез сака да ја засили токму оваа зона, но очигледно ќе треба да побара друго решение.

Не се открива каква е точно е повредата на 24-годишниот фудбалер, но се покажа дека е доволно важна за да му попречи на краткорочната иднина кај „црно-белите“ и затоа е испратен назад во италијанската престолнина.

Така клубот од Северна Англија ќе треба да се ориентира кон други трансфер цели на пазарот, но треба да се дејствува брзо, бидејќи има уште помалку од една недела до затворањето на трансфер прозорецот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска