(ВИДЕО) Кирацовски: Имаме поделени ставови дали да има предвремени парламентарни избори

Од:

На Централниот одбор денеска се потврди дека СДСМ е демократска партија. Имаше различни размислувања и дебата околу тоа дали да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Наредната недела ќе заседава највисокиот орган на партијата, кога ќе биде и донесена дефинитивната одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори, рече генералниот секреатар на СДСМ, Александар Кирацовски по завршување на Централниот одбор на партијата.

– Денешната дебата се водеше од интересите на Македонија. Се разгледуваа предностите и слабостите на предлогот за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските. Водејќи се од интересот на граѓаните, највисокиот орган на партијата ќе заседава оваа недела и ќе донесе одлука дали ќе има парламентарни избори, рече Кирацовски.

Генералниот секретар на СДСМ исто така информираше дека на денешниот Централен одбор на партијата донесена е одлука да се започне процедура за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, која ќе заврши на Конгресот кој е закажан за 3 март, кога ќе биде и официјално претставен претседателскиот кандидат на партијата.

Покрај постапката за избор на кандидат за претседател, Централниот одбор на СДСМ ја отпочна постапката за избор на кандидати за градоначалници во Охрид, Ново Село и Дебар.

– СДСМ на наредните избори дефинитивно оди на победа, без разлика какви ќе бидат изборите. СДСМ сака безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ. Македонија со забрзана економија и повисок животен стандард, рече Кирацовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО