Албанското МНР ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

Од:

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, оценувајќи го како клучен придонес за стабилноста, развојот и евро-атланската интеграција на целиот регион.

Во соопштението од Министерството стои дека ратифиикацијата на Договорот е победа на дипломатијата, што доаѓа благодарение и на придонесот на албанскиот фактор во Македонија.

Денешната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, се оценува понатаму, оди кон конечно решавање на едно речиси тридецениско недоразбирање меѓу нашите две соседни земји, консолидирајќи ја понатаму евро-атлантската иднина на Југоисточна Европа.

-Албанија ќе продолжи силно да ги подржува понатамошните процедурални чекори кон целосно и сеопфастно спроведување на Договорот од Преспа, стои во соопштението.

Претходно, ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент ја поздрави албанскиот државен врв, претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и спикерот Грамоз Ручи, како и лидерот на најголемата опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, и доскорешниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици