Харадинај и Весели за ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина: Историски чекор за Балканот

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го поздрави изгласувањето во грчкиот Парламент на Преспанскиот договор, со кој се стави крај на спорот за името меѓу Грција и Македонија, оценувајќи дека ова е поттик за целиот Балкан да продолжи на патот на евро-атланските интеграции.

– Го поздравувам историскиот чекор на гласањето за името на Северна Македонија од Парламентот на Грција, со што со целосен успех се заокружува Преспанскиот договор. Уште еднаш се покажа дека единствен пат за стабилноста на регионот е оној на дијалогот и мирот. Балканот чекори сигурно кон евро-атланските интеграции, порача Харадинај преку неговата страница на Фејсбук.

На социјалната мрежа по повод исходот на денешното гласање во Парламентот во Атина се огласи и претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, кој вели дека „Грција и сега веќе Република Северна Македонија ставија крај на тридеценискиот проблем со името“.

– По многу војни и спорови, Западен Балкан никогаш не бил поблиску од сега до гарантирањето на долготрајна стабилност. Овој договор создава добра клима за решавање на другите спорови во регионот. Косово треба да го капитализира овој моментум и во соработка со САД и ЕУ да постигне конечен договор со Србија. Само вака на идните поколенија можеме да им гарантираме мир, безбедност и развој, напиша Весели.

Претходно во текот на денов, како што јави МИА, ратификацијата на договорот со Македонија од страна на грчкото Собрание го поздравија и претседателот на Косово, Хашим Тачи и шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов