Османи на средби со Хоџа и Апостолова: Регионалниот напредок во ЕУ и НАТО е интерес на двете земји

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во рамки на денешната работна посета на Република Косово оствари средби со Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа и со Шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова.

Во текот на средбата со Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа, соговорниците ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и соработка во оваа насока. Османи го истакна прогресот во имплементацијата на Планот 18, како клучен критериум за успешен Извештај од страна на Европската Комисија.

Вицепремиерот Османи и Шефицата на канцеларијата на Европската Унија на Косово и специјална претставничка на ЕУ, Наталија Апостолова за време на својата средба разменија мислења околу напредокот и предизвиците при имплементацијата на проектите за меѓугранична соработка, особено за проектот Белановце – Станчиќ кој е од особена важност за двете земји, при што заеднички изразија задоволство што истиот е во финална фаза на реализација.

Претходно во рамки на работната посета на Косово Вицепремиерот Османи оствари средба и со Потпретседателот на Владата на Косовo – Енвер Хоџај при која беше потенцирана меѓусебната подршка на двете земји на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски