УХМР: Најавените врнежи ќе ги зголемат водостоите на реките

Од:

Водостоите на реките во земјава се под просекот за јануари, а новите врнежи од дожд и снег кои се очекуваат во текот на утрешниот ден во северните делови од државата ќе условат нивно благо покачување, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму порачуваат дека на југот на земјва тоа покачување ќе зависи од интензитетот на врнежите, но и од тоа дали врнежите ќе бидат од дожд или снег.

-Во зависност од остварувањето на прогнозата за врнежите, во југоисточните сливни подрачја кај одредени помали водотеци и суводолици, можна е локална појава на брзи истечни води, а поради заситеност на почвите со влага можна е и појава на заезерување на одредени рамни површини, посочуваат од УХМР.

Според најавата на синоптичарите, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во југоисточните делови од Македонија, но се очекува и над 100 метри надморска височина овие врнежи да бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Од утре ќе настапи позначителна промена на времето

Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите