Поповска: Каде потонаа мерките против загадувањето?

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ постави процедурално прашање на седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и предложи заклучок да се побара од Претседателот на Собранието итно закажување на седницата со точката за аерозагадувањето. Заклучокот со барањето беше едногласно усвоен.

„Каде потонаа собраниските заклучоци со мерки против загадувањето, кои беа донесени со апсолутен консензус по одржаната јавна расправа во Собранието на Република Македонија? Зошто точката за загадувањето на воздухот сеуште не е помината на пленарна седница, кога ова е приоритетен проблем за сите? Уште сега треба да се почне со спроведување на мерките, за да биде помало загадувањето следната есен и зима! Со заклучоците ги задолживме институциите на државно и локално ниво со конкретни обврски: попис на загадувачи, контрола на горивата и горилниците во јавниот и приватниот сектор, ригорозен инспекциски надзор на индустријата и сите стопански субјекти, контрола на градилиштата, ревизија на деталните урбанистички планови и спроведување на законот за урбано зеленило со задолжителни 20% зеленило на градежна парцела, решавање на отпадот, субвенции за промена на печки, горива, возила, фотоволтаици, изола и ред други мерки“, аргуменираше Поповска.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите