Агенцијата за млади и спорт и МВР започнаа кампања против говор на омраза

Од:

Агенцијата за млади и спорт заедно со Министерството за внатрешни работи започна медиумска кампања за подигнување на свеста кај младите луѓе за говорот на омраза како еден вид на насилство што често може да повреди посилно дури од физичкото насилство и да остави тешки психички последици.

Од Агенцијата за млади и спорт сметаат дека насловот на медиумската кампања „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“ ќе ги разбуди младите и ќе прати јасна порака за зголемување на одговорноста за последиците од навредливите и невкусни содржини искажани кон друг.

– Исто така, со оваа кампања ќе се испрати и порака низ спортските арени во нашата држава, каде ќе се подигне степенот на свеста кај учесниците во спортот, започнувајќи од играчите, тренерите, судиите и менаџерите што управуваат со спортските клубови и посетителите на спортски натпревари, се наведува во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност