(ВИДЕО) Попов: Илјадници граѓани се директна жртва на големото загадување на воздухот

Од:

„Зоран Заев, Петре Шилегов, Јани Макрадули и нивните соработници не се грижат за здравјето на граѓаните. Би сакала да напоменам дека илјадници граѓани се директна жртва на големото загадување на воздухот. Впрочем и Светската здравствена организација и Европската агенција за животна средина ги потврдија сомнежите на јавноста дека секоја година голем број на македонски граѓани ги губат своите животи како резултат на енормното аерозагадување.

Морам да нагласам дека спонтаните абортуси, заостанување во развојот на мозокот кај децата, и астмата се само од некои од сериозните последици кои што ги трпат нашите граѓани како резултат на загадениот воздух“, рече Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури за два пати е зголемен ризикот од појава на аутизам кај малите деца доколку мајката во текот на својата бременост била изложена на загаден воздух. А, најранлива категорија претставуваат повозрасните лица и лица со хронични кардиоваскуларни заболувања кај кои постојаната изложеност на загаден воздух може да резултира и со фатален исход.

И покрај предизборните лажни ветувања на СДСМ дека ќе најдат решенија за загадениот воздух, македонските граѓани и нивните живот се се уште во опасност.

СДСМ донесе само црнила, црнилата се во воздухот кој го дишеме, црнилата се во лагите на власта за изнаоѓања на решенија за најгорливиот проблем на нашите граѓани. Ситуацијата е повеќе од сериозна, ситуацијата е алармантна, потребно е брза дејствување. Затоа денес ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ поставивме информативно пано на кое граѓаните ќе можат да се информираат за штетите кои ги предизвикува аерозагадувањето и исто така ќе поделиме флаери со кои што ќе ги информираме нашите граѓани за начините на превенција од штетите кои што ги предизвикува загадувањето на воздухот“, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто