Министерот за образование и наука Арбер Адеми, деновиве учествува на Светскиот образовен форум во Лондон, Велика Британија.
На овој форум, од Министерството за образование информираат дека учествуваат министри од преку 150 земји, кои имаат прилика да ги разменат нивните искуства во врска со реформите во образованието, светските образовни стандарди и особено новините и важноста на дигитализацијата во образованието.
Министерот Адеми, исто така оствари и повеќе средби во реномирани институции во Велика Британија, како ОЕЦД, Microsoft и други.
За време на посетата Адеми ги сретна и Чивнинг стипендистите од Република Македонија кои студираат на некои од најреномираните универзитети во Велика Британија, стои во соопштението од МОН.