Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе ги посетат припадниците на Полкот за специјални операции.
Пред командата на Полкот, ќе биде изложена дел од опремата на армиските специјалци, како и чизми од новата набавка на вкупно 7.200 пара чизми за припадниците на Армијата.
Во рамки на посетата најавена е изјава на министерката Шекеринска.