• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Фајненшал Тајмс за надминувањето на спорот за името: Македонското решение е позитивен чекор за Европа

by А1он22/01/2019 - 16:02154
Share0

„Македонското решение е позитивен чекор за Европа“ оценува угледниот британски весник Фајненшал Тајмс, кој во колумната на уредувачкиот колегиум на медиумот наведува дека со решавањето на 27 годишниот отворен проблем помеѓу Грција и Македонија е достигнато ретко достигнување вредно за прослава на Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

Во тој контекст Фајненшал Тајмс наведува дека отвореното прашање за разликите околу името меѓу двете земји беше кочница за ЕУ и НАТО интеграциите на нашата земја и како резултат на ваквиот политички контекст 2 милиони луѓе беа оставени со мали шанси за економски просперитет и без никаква гаранција за нивната сигурност и безбедност.
„Во јуни минатата година двајцата премиери потпишаа договор на брегот на Преспанското езеро со којшто земјата се преименува во Република Северна Македонија, се признаваат јазикот и култура, се разграничува дека не постои поврзаност со античкото културно наследство и се отстрануваат иредентистичките ставови во учебниците по историја“, пишува Фајненшал Тајмс и додава дека спорот за името претставуваше ексцентричен анахронизам кој беше надвиснат над делот од Европа кој е синоним за буре барут на етнички тензии и геополитички ривалства.

„На новоизбраниот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, им припаѓаат заслугите за постигнатиот компромис. Грчкиот премиер ја презеде одговорноста и покрај отпорите на грчката опозиција“, пишува британскиот весник Фајненшал Тајмс.

„Сега е редот на Грција. Повеќе од очигледно е дека г-динот Ципрас ги има обезбедено потребниот број на гласови што се потребни за ратификација. Без разлика на повиците за осуда кои доаѓаат од националистите и од центристичката десница во опозицијата, извесно е дека договорот ќе биде изгласан со поддршка на То Потами, мала централно-лево ориентирана партија која порача дека нејзините пратеници слободно ќе гласаат“, се заклучува во текстот објавен во влијателниот британски весник Фајненшал Тајмс.

imetoprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен