Вториот светски рекет Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако попладнево го победи Американецот Френсис Тиафо со максимални 3-0, по сетови 6:3, 6:4 и 6:2.
Во полуфиналето Шпанецот ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас.
Грен слемот во Мелбурн се игра за награден фонд од 44,7 милиони долари.