Заев: В петок најверојатно седница на Централниот одбор на СДСМ за изборите

Од:

Дебата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата посветена на презентација на плановите за изградба на патната инфрастуктура за 2019 и сработеното во 2018, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неговата партија е поблиску до ставот за претседателски заедно со предвремени избори и како тоа би се одразило врз силните инвестиции што се најавуваат.

Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.

– Ова што го најавуваме никако не може да биде запрено, без разлика дали ќе се оди заедно на претседателски со парламентарни избори или само на претседателски, затоа што тоа е составен дел од програмите и Буџетот на РМ. Законот е јасен, не можете да предвидувате и реализирате дополнителни активности доколку се распишани избори, но се што е предвидено во Буџетот, со донесените програми, не претстанува да се реализира и тоа е законот во РМ и тоа Изборниот законик го регулира, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“