Досегашниот клуб на Емилијано Сала, Нант го откажа денешниот тренинг поради ситуацијата со исчезнувањето на авионот во кој вчеравечер кон Кардиф замина нивниот досегашен клупски колега.
Дваесет и осумгодишниот Аргентинец пред три дена за 20 милиони евра потпиша за Кардиф. Приватниот авион со кој Сала се превезуваше исчезна од радарските екрани на англиската контрола за летање.
Операцијата за пребарување на Британците и Французите сé уште е без резултати.
Како што објавија француските медиуми, денешниот тренинг на Нант е откажан, по заедничкиот појадок на играчите и тренерите. Во исто време, менаџментот на клубот им забрани на фудбалерите да даваат коментари на медиумите пред да добијат официјални информации од властите.
Претседателот и директорот на Нант се наоѓаат во Париз, од каде се координирана работата на тимовите за пребарување.