Информативни брошури за граѓаните за поголема транспарентност на судот

Од:

Информативни брошури наменети за сите граѓани кои може да се јават како сведок, оштетен или жртва во постапка, потоа информации во кои случаи на граѓаните им е потребен бранител како и сите податоци за јавно објавување на податоци за една судска постапка содржат информативните брошури кои ги изработи и промовираше скопскиот Кривичен суд во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Информативните брошури, како што информираат од Кривичниот суд, содржат податоци од законските одредби кои ги регулираат овие прашања, а се во правец на запознавање на странките во постапката за нивните уставни и законски права.

Информативните брошури се поставени на влезот во судската зграда, а истите се дел од заложбите на Основниот суд Скопје 1 за зголемување на транспарентноста и отвореноста на судот, како и проближување на институцијата до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО